Top Sport

Партија на кариерата на Лука Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ повторно е тема во кошаркарските кругови во САД. Во победата над Далас над Сан Антонио 117:110 тој стана вториот играч во историјата кој на возраст од 21 година забележал трипл-дабл со преку 40 постигнати поени.

Дербито на Тексас донесе возбудлив меч и во кој доминираше Дончиќ. Првата четвртина ја добија Далас со 14 поени разлика. Во овој период Словенецот постигна 17 поени.

Сан Антонио успеаја преку Демар Дерозан во наредните две четвртини да се вратат во натпреварот, мечот влезе во неизвесна завршница, кога на сцена стапи Дончиќ и со тројка на 26 секунди до крајот ги реши дилемите околу конечниот победник.

Дончиќ натпреварот го заврши со 42 поени, 11 скока и 12 асистенции. За Словенецот ова е шестти трипл-дабл во сезоната, 14 во кариерата. Никој од НБА играчите пред да наполни 22 години немал толку трипл-дабл учиноци.

Словенецот е единствениот, покрај Леброн Џејмс, кој на 21 годишна возраст постигнал трипл-дабл со над 40 поени.

Scroll to Top