Шпанија, вечерва, против Полска, ќе се обидат да ја забележат првата победа на Европското првенство. „Црвената фурија“, во првата рунда, одигра 0:0 против Шведска. За јавноста најголем виновник за нерешениот резултат е Алваро Мората.
Напаѓачот на Јувентус, против Шведска не успеа да реализира две добри шанси. По мечот Мората доби голема поддршка од соиграчите и селекторот Луис Енрике, кој го најави Мората во почетниот состав и вечерва против Полска.
„Мората ќе биде во првите 11. Намерно го направив тоа, за да го мотивирам, да добие поголема самодоверба, и покрај тоа што знам дека има самодоверба. Тој за нашиот тим прави многу добри работи и во нападот и во одбраната. Јас ништо не му подарувам“, рекол Енрике.
Натпреварот Шпанија-Полска се игра вечерва од 21 часот, во Севилја.