Францускиот првак Пари Сен Жермен одлучил да прави „чистка“ на најголем дел од ѕвездите кои играа минатата сезона. Лионел Меси замина во Интер Мајами, Килијан Мбапе има несогласувања со раководството, а тренерот Луис Енрике донел одлука уште пет ѕвезди да заминат од тимот.
Бразилецот Нејмар, Марко Верати, Ренато Санчез, Хуан Бернат и Екитике можат да си побараат нова фудбалска средина. Луис Енрике смета дека тие не се вклопуваат во неговите планови за составување на тимот во новата сезона.
Нејмар и Верати делуваа незадоволно во ПСЖ и сами побараа дозвола за трансфер, па најверојатно нема да останат на „Паркот на принцовите“.