Манчестер јунајтед по потрага од повеќе од една година го идентификувале Луис Кампос како најдобар кандидат за позицијата „фудбалски директор“ на клубот, тврди британскиот „Сан“.
Португалецот Кампос во моментов е фудбалски директор во францускиот клуб Лил, а тој бил препорачан и од поранешниот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо, но извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард сакал да почека пред ваков потег.
55-годишниот Кампос е најпознат по својата работа во тимот на Монако, каде што ги „пронајде“ Килијан Мбапе, Фабињо, Бернардо Силва и Антони Марсијал, за пред две години го донесе Никола Пепе во Лил.
Во Јунајтед знаат дека за сериозна обнова на тимот е потребна подобра политика со трансфери откако во последната деценија тие направија грешки со доаѓањето на познати имиња како Анхел ди Марија, Радамел Фалкао, Бастијан Швајнштајгер и Алексис Санчез.