Top Sport

Пике: Ова се тешки времиња за Барса, какви што не сме виделе досега

Капитенот на Барселона, Жерард Пике призна дека иднината на неговиот тим изгледа многу проблематично по 2:0 поразот од Атлетико Мадрид и деветтото место на табелата во Шпанија, по лето полно со контроверзни мерки за намалување на трошоците и заминувањето на Лионел Меси.

Головите на Томас Лемар и Луис Суарез во првото полувреме ја запечатија едноставата победа на „рохибланкос“, и доаѓа во недела во која доживеаја уште еден тежок пораз, во ЛШ од Бенфика од 3:0. Пике беше забележан како се расправа со Серхио Бускетс по примениот гол, и по мечот призна дека ситуацијата не е добра.

„Ситуацијата е компликувана. Страдаме и мораме да бидеме искрени околу тоа. Не се работи за еден проблем, има повеќе, но мислам дека ќе се вратиме посилни. Ова се тешки времиња, какви што не сме искусиле претходно. Но, атмосферата во соблекувалната е многу добра и сакаме да ја свртиме ситуацијата“, вели Пике.

И покрај лошите резултати, претседателот на клубот, Жоан Лапорта потврди дека Роналд Куман ќе остане тренер на тимот. Пике не сака да ја коментира таа ситуација.

„Лапорта и Куман? Како фудбалери не можеме да се вклучиме во таа расправа и не можеме да направиме ништо. Нашата работа е да излеземе на теренот и да го дадеме максимумот“, објаснува Пике.

Лемар и Суарес и пресудија на Барселона – Атлетико го доби дербито

Scroll to Top