Top Sport

Луис Суарез официјално е играч на Гремио

Луис Суарез официјално е играч на Гремио, бразилскиот великан од Порто Алегре. Претходните шест месеци, ветеранот ги мина во матчниот клуб Насионал од Монтевидео.

Луис Суарез, со Гремио потпиша две годишен договор, објави клубот.

Интересно е што искусниот голгетер, кој неодамна играше на Светското првенство во Катар, одби неколку понуди од САД и Саудиска Арабија.

Во Гремио дојде како слободен играч.

Во својата кариера на клупско ниво, Суарез постигна 460 голови на 746 натпревари. Играше во Насионал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

 

Scroll to Top