Репрезентативците на Перу ја комплетираа листата на полу-финалисти на Копа Америка 2019. Перуанците по изведувањето на пенали го победија Уругвај со 5:4. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови.
Три од четирите четврт-финални мечеви на Копа Америка завршија без голови и пеналите решаваа кои национални тимови ќе играат во полу-финалето. Пенал серијата вечерва беше среќна за Перу.
Перуанците со јасна намера му се спротивставија на фаворизираниот Уругвај. Без ризик во играта имаа јасна намера да стигнат до изведувањето на пенали.
Уругвајците беа повеќе напаѓачки насочени, упатија 14 удари кон голот на Галјезе постигнаа три гола, но сите беа поништени по консултацијата со ВАР-системот.
На крајот трагичар е најдобриот стрелец во историјата на Уругвај, Луис Суарез. Неговиот пенал во првата серија го одбрани Галјезе, а потоа сите изведувачи беа прецизни: Кавани, Стуани, Бентакур и Тореира за Уругвај, а Гереро, Руи Дијаз, Јотун, Адвинкула и Флорес за Перу.
Luis Suárez choked.
You hate to see it. pic.twitter.com/p94lhr3sEW
— Junior Maruwa (@juniormaruwa) June 29, 2019
Репрезентацијата на Перу во полу-финалето ќе игра против актуелниот шампион Чиле.