Top Sport

Лук Шо се извини: Нашата претстава беше срамна

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се извини за настапот на тимот во дербито со Ливерпул. „Црвените“ победија со 7:0, а шест од головите ги постигнаа во вториот дел.

„Нашата претстава беше неприфатлива, срамна. На теренот ми беше срам за нас играчите, за навивачите кои не поддржуваа и оние кои не гледаа од своите домови. Можам само да се извинам за тоа, играчите треба да преземат одговорност и да прифатат дека ни приближно не беше доволно добро“, изјави Лук Шо.

Според дефанзивецот, нивото на игра на тимот е драстично намалено по освојувањето на Лига купот на Англија.

„Мораме да ги најдеме добрите работи што ги правевме и да ги вратиме затоа што многу боли. Навистина е неприфатливо тоа што го направивме во вториот дел и нашите грешки. Покажавме недостаток на карактер, недостаток на менталитет. Голем тим треба да дојде да се претстави многу подобро. Мораме да ја задржиме вербата, карактерот, да го вратиме менталитетот што знаеме дека го имаме. Не смееме да дозволиме еден резултат да ни ја уништи целата сезона бидејќи сме на добра позиција“, додаде левиот бек на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top