Top Sport

Лапорт на лето доаѓа во Барселона?

Барселона е во лоша финансиска состојба, но и понатаму многу фудбалери се поврзуваат со можен трансфер во каталонскиот клуб. Најновото име е Ајмерик Лапорт, дефанзивецот на Манчестер Сити.

Репрезентативецот на Шпанија е во Премиерлигата од 2018 година и одигра 170 натпревари за Манчестер Сити, освојувајќи четири шампионски титули.

Сега тој е подготвен да се пресели во Барселона, а Манчестер Сити е подготвен да го продаде, пренесува „Мундо Депортиво“. Неговата вредност на фудбалскиот маркет е околу 38 милиони евра.

Scroll to Top