Top Sport

Лука Јовиќ на дело – едно голчиште, но и едно неверојатно промашување (видео)

Новото засилување за Реал Мадрид, Лука Јовиќ имаше интересен настап за Србија во квалификацискиот меч за Евро 2020 против Литванија, каде што имаше еден спектакуларен гол, но и уште поспектакуларно промашување.

Србија стигна до 4:1 победа по убедливиот 0:5 пораз на гостувањето кај Украина, и Јовиќ, кој направи трансфер од соништата од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид, и навивачите на Реал сигурно почнаа да ги следат неговите мечеви.

Јовиќ го постигна третиот гол за Србија, со прекрасен удар надвор од шестнаесетникот, но потоа при 3:1 резултат, имаше совршена шанса за гол, која некако ја промаши.

Scroll to Top