Кошаркарите на Голден стејт Вориорс забележаа победа во Торонто над Репторс 106:105 и ја намалија предноста на ривалите во борбата за титулата на 3-2.

Репторс не ја искористија првата меч-топка, Вориорс успеаја да се изборат со сите проблеми во текот на мечот, запишаа победа и ја вратија серијата во Оукленд.

Вориорс имаа подобра ритам во текот на целиот меч, на моменти водеа и со 12 поени, но на пет минути до крајот Ленард врза десет поени и предноста ја однесе на страната на Репторс.

Кошаркарите на Торонто потоа како да се исплашија од титулата во последните три минути постигнаа само два поени, Кари и Томпсон на спротивната страна погодија три тројки, а Лаури не го погоди шутот за победа, откако Казинс направи фаул во напад.

Инаку, Вориорс, во текот на мечот останаа без Дурент. Крилниот играч беше во тимот но одигра нецели 12 минути и во вториот период ја напушти играта. Во последниот период актуелните шампиони останаа и без центарот Луни.

Вориорс до победата ги предводеше Кари со 31 поен, осум скока и седум асистенции, Томпсон забележа 26 поени, шест скока и четири асистенции, Грин беше на две асистенции до трипл-дабл (10 поени, 10 скока, 8 асистенции), а Казинс уфрли 14 поени. Дурент за 11 минути и 57 секунди постигна 11 поени.

Кај Репторс се истакнаа Ленард со 26 поени и 12 скока, Лаури со 18 поени и Гасол со 17 поени.

Шестиот меч на програмата е в петок во три часот по средноевропско време.