Top Sport

Евро 2020: Косово со драматична победа во Софија, Шпанија со два пенали преку Шведска (видео)

Фудбалската репрезентација на Косово продолжи со изненадувачки добрите игри, откако и во третиот квалификациски меч за Евро 2020 остана непоразена, стигнувајќи до драматична 3:2 победа на гостувањето на „Васил Левски“ во Софија кај разочарувачки слабата Бугарија.

Со оваа победа Косово нема пораз од октомври 2017 година!

Косовците први дојдоа во водство преку Милот Рашица во 14. минута, но Попов и Димитров направија пресврт за 2:1 водство, пред Муриќи да израмни во 64. минута. Трите поени и заддржување на шансите за пласман на ЕП ги донесе Елбасан Рашани во 93. минута по асистенција на Рашица.

Шпанија со два гола од пенал (Мората и Рамос) стигна до 3:0 победа над Шведска во дербито во групата Ф за по четири кола да има максимални 12 поени, додека лидерското место не го дава ниту Украина во групата Б по минималната 1:0 победа над Луксембург. Србија пак, успеа да стигне до 4:1 победа над Литванија за кревање на мотивацијата по катастрофалниот пораз од Украина во петокот (5:0).

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А

Бугарија – Косово 2:3

Чешка – Црна Гора 3:0

Табела: 1.Англија 6, 2.Чешка 6, 3.Косово 5, 4.Бугарија 2, 5.Црна Гора 2

ГРУПА Б

Србија – Литванија 4:1

Украина – Луксембург 1:0

Табела: 1.Украина 10, 2.Луксембург 4, 3.Србија 4, 4.Португалија 2, 5.Литванија 1

ГРУПА Д

Данска – Грузија 5:1

Ирска – Гибралтар 2:0

Табела: 1.Ирска 10, 2.Данска 5, 3.Швајцарија 4, 4.Грузија 3, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Фарски Острови – Норвешка 0:2

Шпанија – Шведска 3:0

Малта – Романија 0:4

Табела: 1.Шпанија 12, 2.Шведска 7, 3.Романија 7, 4.Норвешка 5, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 0

Scroll to Top