Српскиот интернационалец Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и ќе замине на едногодишна позајмица во Фиорентина. Три гола и пет асистенции е ефектот што го постигна Лука Јовиќ во дресот на „кралевите“ на 51 натпревар за клубот. Тоа не го убеди Карло Анчелоти да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанскиот гигант го доведе во летото 2019 година во трансфер вреден 63 милиони евра од Ајнтрахт, го врати таму на позајмица, а сега му најде нов клуб за следната сезона.
Реал ќе му исплати половина од годишната плата во Фиорентина, односно три милиони евра. Тосканскиот клуб ќе додаде исто толку. По истекот на позајмицата, Фиорентина нема право да го откупи неговиот договор.