Реал Мадрид ги завршил сите работи околу трансферот на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ. Напаѓачот на Ајнтрахт наредната недела ќе го потпише договорот и ќе стане второто засилување на Реал за новата сезона, по Едер Милитао од Порто.
Британскиот „Скај Спорт“ објави дека 21 годишниот напаѓач ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 60 милиони евра. Јовиќ ќе потпише петгодишен договор, а по сезона ќе заработува 10 милиони евра.
Од трансферот 48 милиони евра ќе заработи Ајнтрахт, а 12 милиони евра ќе му припадната на поранешниот клуб на Србинот, Бенфика.
Јовиќ оваа сезона има одиграно 47 натпревари на кои постигнал 27 гола.
Според медиумите тој наредната сезона ќе му биде резерва на Карим Бензема, а од 2020 година кога Французинот ќе замине ќе биде прва опција во нападот на „кралскиот клуб“.