Top Sport

Лука Јовиќ проработе, со гол и асистенција донесе триумф за Реал

Реал Мадрид со 2-0 славеше во Сан Себастијан, против екипата на Реал Сосиедад блаодарение на резервистот Лука Јовиќ.

Српскиот репрезентативец по цели 22 месеци конечно се запиша во листата на стрелците во Кралскиот дрес, а вечерва беше и асистент на првиот гол за својот тим.

Во 16 минута Карим Бензема се повреди, па Јовиќ ја доби довербата на Анчелоти.

Во вториот дел, на асистенција на Јовиќ, во 47 минута Винисиус погоди за 1-0, а самиот Јовиќ 10 минути подоцна го постави конечниот резултат.

Реал Мадрид сега со 39 бода е на +8 од второпласираната Севилја, но Андалузијците е и со меч помалку од ривалот.

Scroll to Top