Top Sport

Сан Антонио ја сопре победничката серија на Вориорс

Дерик Вајт постигна 25 поени, Деџонти Мареј додаде 22 поени и 12 скока, за Сан Антонио спарс да го изддржат фуриозниот камбек на Голден Стејт вориорс и да стигнат до гостинска 112:107 победа. Тие го завршија мечот со 8-1 серија за да стигнат до својата четврта победа во низа.

Од другата страна, Стеф Кари имаше 27 поени, а Џордан Пул додаде 15, само еда вечер откако ја прекинаа серијата на Финикс санс од 18 победи во низа во дуел на двата првопласирани тима во НБА лигата. Вајт погоди тројка на 1:43 пред крајот на мечот за да им донесе на Спарси 107:106 водство.

„Не паничевме, и знаевме дека мораме да најдеме начин за победа. Имавме големо водство, но игравме со Вориорс, кои прават вакви враќања со години“, вели Вајт.

Голден Стејт губеа со 22 поени разлика на почетокот на втората четвртина и со 18 поени во третата, пред Кари со тројка да им донесе 104:103 водство на 2:39 пред крајот на мечот со 21-4 серија.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Чикаго 107:111

Милвоки – Мајами 124:102

Далас – Мемфис 90:97

Голден Стејт – Сан Антоио 107:112

Портланд – Бостон 117:145

Сакраменто – Л.А. Клиперс 104:99

Scroll to Top