Top Sport

Шапекоенсе повторно во бразилската елита!

Шапекоенсе, бразилскиот клуб чија судбина го потресе светот во 2016 по авионската несреќа во која загинаа 71 луѓе, се врати во првата бразилска лига, Серија А, една година откако испаднаа во втората лига.

Иако имаа само една победа во последните пет меча, Шапе со 2:1 го совладаа Фигуеиренсе за враќање во првата лига. Шапекоенсе зачудувачки успеаја да го заддржат местото во првата лига две сезони по падот на авионот кој ги носеше на финалето на Копа Судамерикана во Меделјин, Колумбија, кога загина поголемиот дел од првиот тим, официјални лица на клубот и новинари.

Во декември пак, дојде уште една трагедија, смртта на претседателот на клубот, Пауло Магро од корона вирус, откако магро ги спаси од тешката финансиска ситуација по заминувањето на Плинио Давид де Неш Филјо, кој го презеде клубот по трагедијата во Колумбија.

„Не беше лесно да се стигне тука. Потребна беше многу сила, работа, посветеност и помош од Бога, за да го исполниме ветувањето. Шапекоенсе – клуб за луѓето, воден од луѓето. Со нас невозможното е реалност“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top