Веб-сајтот „Каполоџи“, кој се занимава со следењето на платите на професионалните фудбалери, го објави списокот на најдоброплатени фудбалери во Реал Мадрид, и на изненадувачкото трето место се наоѓа Србинот Лука Јовиќ, кој само што пристигна на „Бернабеу“.
Јовиќ беше донесен како звучно засилување на нападот од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра, но засега ги разочара навивачите на Реал, не добивајќи многу шанса за игра, и неодамна беше прогласен за „најлошото засилување“ на славниот клуб од Мадрид.
Сепак, неговата банкарска сметка е сосема добро – тој заработува 20.8 милиони евра годишно во Мадрид, и пред него само се Еден Азар со сума од 31.2 милиони евра и Герет Бејл со 27.9 милиони евра, уште двајца фудбалери кои се на „нож“ со навивачите.
Зад него на пример се капитенот Серхио Рамос, освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ, Тони Крос, Хамес Родригез, Тибо Куртоа.