Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden Foot“.
Ова е награда што им се доделува на фудбалерите за постигнати индивидуални и екипни успеси, но и за карактер и харизма. Во конкуренции влегуваат само играчи кои имаат најмалку 28 години.
„Чест ми е што ја добив наградата. Се враќам полека на своето најдобро ниво, што покажав во последниот натпревар. До крајот на годината ме чекаат уште седум важни натпревари и верувам дека ќе продолжам да играм добро“, рекол Модриќ во Монте Карло.
Минатата сезона наградата ја освои 32 годишниот Единсон Кавани од Пари Сен жермен. Во минатото оваа награда ја добивале Роберто Баџо, Роналдо, Роналдињо, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Карлос, Андреј Шевченко, Франческо Тоти, Икер Касилјас, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста…