Top Sport

Лука Станковски го постигна првиот гол за Горица

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски беше стрелец на победничкиот гол за Горица во првенството на Словенија. Тоа е негов прв гол за овој тим откако дојде на позајмица од Газијантеп и донесе важен триумф (0-1) против Целје на гости, во битката за опстанок.

Лука Станковски погоди во 49.минута од овој меч.

Македонскиот интернационалец е фудбалер на Газијантеп кој поради катастрофалниот земјотрес во Турција и откажувањето на неговиот тим од натпреварувањето оваа сезона, сега игра како позајмен играч во Горица.

Scroll to Top