Top Sport

Лукаку: Амбицијата на сопствениците и страста на навивачите ме привлекоа во Рома

Ромелу Лукаку вели дека ја почувствувал „топлината“ на навивачите на Рома дури и како противник и додаде дека бил импресиониран од амбициите на американските сопственици на клубот, што го убедило да прифати да замине од Челси како позајмен играч.

Ова е трето „враќање“ на Лукаку во Серија А, по двата периоди со Интер, со кои ги расипа односите ова лето по преговорите со Јувентус, за на крајот да заврши во тимот на Жозе Мурињо.

„Приемот кој го имав од клубот и од навивачите ме мотивира уште повеќе да го дадам максимумот. Како противник, секогаш ја чувствував атмосферата на ‘Олимпико’ и ‘топлината’ на Романистите. Добро е чувството да се биде дел од ова. Неодамна имав шанса да зборувам со сопствениците и бев импресиониран од нивната амбиција. Сега треба да работиме, да бидеме скромни и да растеме од меч во меч. Од моја страна, едвај чекам да бидам достапен на тимот“, вели Лукаку.

Тој веќе има тренирано во Тригорија и се очекува да биде достапен на Мурињо веќе утре на дербито против Милан на „Олимпико“, каде што ќе се обидат да го поправат лошиот старт од само еден поен во првите два меча од сезоната.

Scroll to Top