Top Sport

Ал-Етифак на Џерард му го раскина договорот на Дарко Велковски

Саудискиот клуб, Ал-Етифак, кој оваа сезона го донесе легендарниот Стивен Џерард како тренер, потврди дека му го раскинува договорот на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

„Ал-Етифак го потврдија раскинувањето на договорот со дефанзивецот Дарко Велковски со взаемна согласност. Му благодариме за што направи со нас и му посакуваме среќа“, се вели во потврдата на социјалните мрежи.

Велковски веќе почна со тренинзи со својот поранешен клуб, Работнички, но не е јасно каде ќе ја продолжи својата кариера.

Scroll to Top