Ромелу Лукаку е еден од неколкуте белгиски фудбалери кои почнале да се обучуваат за тренери онлајн додека трае фудбалската пауза поради корона вирусот.
Ѕвездата на Интер, заедно со Аксел Вицел од Борусија Дортмунд ќе почнат да ги собираат поените за квалификација за УЕФА и почнале со онлајн обуката додека се изолирани. Помеѓу тие кои се регистрирале за „А“ и „Б“ дипломите на УЕФА е и фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне.
Лукаку беше еден од фудбалерите кои добија дозвола од Интер да се вратат во нивните татковини за да бидат со семејствата, откако заврши задолжителната 14-дневна изолација бидејќи тој и соиграчите беа во контакт со Даниеле Ругани од Јувентус, кој беше позитивен на корона вирусот. Ешли Јанг и Виктор Мозес се вратија во Англија, додека Кристијан Ериксен е во Данска откако беше исселен од хотелот во Милано.
Romelu Lukaku using time off from football due to coronavirus crisis 'to start coaching badges online' https://t.co/SkVXzkEXu5
— MailOnline Sport (@MailSport) March 26, 2020