Top Sport

Лукаку го минал медицинскиот тест во Милано, пред потпис со Челси

Ромелу Лукаку по седум години ќе се врати во Челси, откако го комплетираше својот медицински тест пред трансферот од Интер и сега ќе лета за Лондон за да го потпише трансферот вреден 98 милиони фунти.

Медицинскиот тест се оддржал во клиниката „Колумбо“ во Милано, пред Челси да ја исплати цела сума однапред, додека Интер се подготвуваат да донесат негова замена во Един Џеко од Рома. 28-годишниот Белгиец ќе добива околу 250.000 фунти неделно со петгодишен договор до 2026 година.

Извори блиски до Белгиецот тврдат дека трансферот е е мотивиран од пари, туку за него претставува шанса да се докаже на „Стемфорд Бриџ“, и да освојува титули, за разлика од Интер, кој е значително ослабен од финансиската криза.

Челси не застануваат тука со засилувањата, се верува дека прва цел им е Жил Кунде од Севилја, откако шпанскиот клуб ја одби првата понуда за трампа со Курт Зума плус кеш.

Scroll to Top