Top Sport

Марсело како голем фан пред големиот Малдини

Бразилскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело можеби зад себе има еден куп титули, вклучувајќи и четири трофеи од Лигата на шампионите, но и тој се однесуваше како обичен навивач кога се сретна со легендарниот Паоло Малдини.

Милан и Реал Мадрид вчера одиграа 0:0 реми во Австрија во пријателски меч, и Марсело не се срамеше да побара фотографија со легендата на Милан, а сега спортски директор, Малдини.

Марсело потоа ја сподели фотографијата на социјалните мрежи со порака: „Најголемиот идол“.

Scroll to Top