Интер и Севилја вечерва во Келн ќе го одиграат финалниот меч во Лига Европа. Севилја е најуспешниот клуб во историјата на ова натпреварување со пет освоени трофеи. Интер од друга страна има три трофеи во поранешниот Куп на УЕФА.
Вечерва во Келн во центарот на вниманието ќе биде напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку. Репрезентативецот на Белгија сезонава игра во голема форма, има постигнато 33 гола во сите натпреварувања. Лукаку го напаѓа рекордот на Бразилецот Роналдо кој во својата деби сезона за Интер, 1997/98, постигнал 34 гола.
Лукаку постигнал 23 гола во Серија А, два во Купот на Италија и осум во Лига Европа.