Ромелу Лукаку вели дека му се остварил сонот, откако денеска имаше шанса преку Инстаграм да разговара со својот идол Адријано, зборувајќи за своето деби во Интер и зошто би постигнале 70 гола кога би играле заедно.
Лукаку оваа сезона стана миленик на навивачите на Интер по фантастичната игра под Антонио Конте, а и претходно зборувал дека Бразилецот Адријано му е еден од фудбалските идоли, така што денеска официјалниот Инстаграм аканут на Интер ги поврза двајцата.
„Ова е остварување на мојот сон. Тој ми беше идол во детството и направи многу големи работи за Интер и за Бразил. Замисли да игравме заедно, ќе дававме по 70 голови во сезона. Би сакал да ги следам твоите чекори тука во Интер“, рече Лукаку.
Адријано го запраша Белгиецот како се навикнува во Интер и зошто ги избрал „нераѕурите“ по заминувањето од Манчестер јунајтед.
„Кога дојде шансата да одам во Италија мислев само на Интер. Бев вљубен во тимот кога ги освојувавте титулите со тебе како голем напаѓач. Првата недела беше компликувано, бидејќи Серија А е многу тактичка лига и морав да ги научам движењата. Првото европско финале кое го гледав беше УЕФА купот во 1998 со неверојатниот Роналдо и секогаш знаев дека ќе играм за Интер ако отидам во Англија“, додаде Лукаку.
Адријано исто така зборуваше за својата прва импресија на „Џузепе Меаца“.
„Бев нервозен, бидејќи сакав да играм за Интер а навивачите ми дадоа величенствен пречек. Гледав повеќе во нив отколку во топката. Сега ти го имаш моето место и среќен сум што Интер те донесе. Интер е како семејство и секој фудбалер го чувствува тоа. Очекувам големи работи“, рече Адријано.
HABIB FILHÃO LUKAKU FALANDO PORTUGUÊS COM O ADRIANO pic.twitter.com/7u54eDV1nK
— cauã. (@astrwsrld) April 9, 2020