Top Sport

Лукаку го спаси Интер од пораз во Торино и доби црвен картон

Јувентус и Интер одиграа 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Дуелот во Торино имаше револверашки финиш, а на крајот Интер остана непоразен и со фудбалер помалку.

Ромелу Лукаку во 95.минута успеа да реализира пенал за израмнување, а потоа доби втор жолт картон поради реакција при радоста и беше исклучен. Тој нема да може да игра на реваншот во Милано.

Јувентус поведе во 83.минута со голот на Хуан Квадрадо.

Scroll to Top