Top Sport

Лукаку контра „Сан“ откако објавија лажна фотографија на која пуши цигара

Ромелу Лукаку не го прифати извинувањето од британскиот таблоид „Сан“ и најави судски спор против нив откако тие објавија фотографија на која тој наводно пуши цигара, но на крајот беше забележано дека човекот на фотографијата воопшто не е белгискиот напаѓач.

Фудбалерот на Челси, кој се врати на позајмица во Интер оваа сезона, беше лут на објавата од „Сан“ на која тој наводно пуши електронска цигара на улиците на Милано.

„Вие се чепкате со погрешен човек. Продолжете да се играте, моите луѓе ќе ве контактираат набргу. Вие сте толку е.ано глупави што објавувате фотографија на која воопшто не сум јас“, напиша Лукаку на Инстаграм.

„Сан“ потоа ја тргнаа фотографијата (но не и приказната на својот веб-сајт) и објавија извинување за грешката која ја направиле.

Scroll to Top