Top Sport

Лукаку не можеше да се смири откако беше трагичар за Белгија

Светското првенство во Катар ќе остане во лошо сеќавање на Белгијците, откако по конфликтите во соблекувалната, критиките во јавноста, на крајот испаднаа од групната фазапо 0:0 ремито со Хрватска. Трагичар на мечот, несомнено, беше Ромелу Лукаку, откако напаѓачот промаши барем 3 стоотстотни шанси во второто полувреме, и очигледно тоа лошо влијаеше на него.

Напаѓачот на Интер со солзи во очите прво го искали бесот на клупата на Белгија, а потоа мораше да биде смируван и од помошникот тренер на репрезентацијата, Тјери Анри. Болка која не може да се сокрие.

Scroll to Top