Ромелу Лукаку вели дека Интер се „клубот кој му е потребен“, додавајќи дека веќе едноставно не сакал да биде фудбалер на Манчестер јунајтед.
Лукаку беше главната мета на новиот тренер Антонио Конте, и по долго убедување и преговарање со Јунајтед, Белгиецот беше продаден за 75 милиони евра. Сега, во интервју за „ЕСПН“, Лукаку открива дека го сака Интер и дека не можел веќе да ја трпи ситуацијата кај „ѓаволите“.
„Првото финале на кое се сеќавам дека го гледав беше Интер-Шалке, кога победивме со 3:0 во финалето на УЕФА купот во 1998 година. Ова можеби е тимот кој ми беше потребен. Има љубов за оваа област, љубов за Интер. И моментот за заминување од Англија беше совршен. Не сакав да бидам таму повеќе. Интер е амбициозен клуб кој сака да се врати на врвот и јас сакав да помогнам. Ова е вистинскиот трансфер. Веќе ме прифатија фантастично. За мене е важно да можам да се изразам кон своите соиграчи, да им кажам како ја сакам топката. Сега учам интензивно италијански за да се вклопам уште подобро“, вели Лукаку.