Top Sport

Лукаку не планира да се врати во Челси, сака договор со Интер

Ромелу Лукаку и покрај повредата е презадоволен од неговото враќање во Интер и не планира да се врати во Челси по крајот на позајмицата следната сезона, тврди „Ла газета дело спорт“.

29-годишниот Белгиец имаше лоша сезона при враќањето во западен Лондон за 113 милиони евра, постигнувајќи само 8 гола во 26 меча во Премиерлигата, по што му се исполни желбата и се врати во Интер како позајмен фудбалер за 8 милиони евра, но без опција за откуп на договорот. Сепак, „Газета“ тврди дека Лукаку ја вратил среќата во Милано и дека доколку не постои опција за откуп на договорот би се согласил да остане во Интер како позајмен фудбалер.

Дека ова може да се оствари, според изворите на италијанскиот весник ја посочува добрата врска помеѓу новиот газда на Челси, Тод Бели и компанијата „Рок нејшн“ на Џеј-Зи, која ги застапува интересите на Лукаку. „Рок нејшн“ донесе повеќе играчи во Лос Анџелес доџерс во последните години, во бизнис-партнерство вредно 20 милијарди долари.

Scroll to Top