По сите критики за неговиот стил на игра и вербата на англиските обложувалници дека тој прв ќе добие отказ од премиерлигашките тимови, Жозе Мурињо доби поддршка од својот фудбалер Ромелу Лукаку.
Белгиецот смета дека е јасно дека Мурињо „сака да победува“ и се чуди на тие кои се сомневаат во методите на Португалецот, посебно бидејќи секаде каде што бил пред Јунајтед носел титули. Лукаку е сигурен дека на чело на „Олд Трафорд“ е вистинскиот човек.
„Луѓето мораат да сфатат дека играме за да победуваме, а не да губиме. Кога ќе загубиме, нормално е да сме лути и нервозни. Затоа, Жозе е нервозен. Тој е човек кој лесно го познавате кога е лут. Не му е многу грижа да го задржи својот добар изглед за јавноста“, вели Лукаку.
Јунајтед сега ги очекува уште еден пријателски меч со Баерн Минхен во недела пред отварањето на сезоната од Премиер лигата дома против Лестер на 10 август. Мурињо го постави Лукаку на клупата за финалето на ФА купот против Челси (кое Јунајтед го загубија), по што изјави дека се сомнева во желбата за победи на 25-годишниот Белгиец, но Лукаку вели дека нема проблеми меѓу нив.
„Убаво е да се игра за Жозе. Ние се шегуваме постојано и секогаш ми праќа смешни видеа. За мене тој е дел од семејството“, додава Лукаку.
Фото: ЕПА