Новиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку немаше најдобар прием во Серија А, откако на гостувањето на Сардинија кај Каљари во неделата доби „мајмунски“ извици од домашните фанови при постигнувањето на голот од пенал со кој Интер стигнаа до 2:1 победа.
Ова не е првпат навивачите на Каљари да направат ваков инцидент, откако минатата сезона го направија истото кон фудбалерот на Јувентус, Моисе Кин, кој сега игра во Англија. Лукаку сакаше да одговори на провокациите.
„Многу фудбалери во последниот месец страдаа од расни напади. И мене тоа ми се случи вчера. Фудбалот е спорт во кој треба да уживаат сите и не е потребна никаква форма на дискриминација со која се срамоти спортот. Се надевам дека фудбалските федерации ќе реагираат на ваква дискриминација. Социјалните платформи (Инстаграм, Твитер, Фејсбук) исто така мораат да работат подобро бидејќи секогаш има барем еден расистички коментар кај некои фудбалери. Дами и господа, сега сме во 2019 и наместо да одиме напред, одиме назад и затоа ние мораме да го кренеме нивото“, вели Лукаку.
This is the one of the most disgusting videos I’ve ever seen. ??
Cagliari fans racially abuse Romelu Lukaku as he’s about to take the penalty.
Just listen to the monkey noises.They need to be punished. ? pic.twitter.com/SvjIwtEtzH
— Football HQ (@FootbaII_HQ) September 2, 2019