Top Sport

Реал за соиграчот на Ристевски понудиле 70 милиони евра

Во финишот на преодниот рок претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе се обиде да заврши уште еден трансфер. Реал досега потрошија 300 милиони евра на трансфери, но Перез не му ја исполни на тренерот Зидан најголемата желба, Пол Погба остана во Манчестер Јунајтед.

„ЕСПН“, попладнево објавија дека Перез во Спортинг Лисабон испратиле понуда тешка 70 милиони евра за Бруно Фернанреш.

Овој играч во текот на преодниот рок најпрвин се поврзуваше со Тотенхем, а потоа и со Манчестер Јунајтед, меѓутоа челниците на клубот не беа задоволни од понудите што ги добиваа од Англија.

Можно е е дека 70 милиони евра ќе бидат доволни за Фернандеш да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“.

Инаку, Бруно Фернандеш зад себе има фантастична сезона. Како играч од редот за врска тој забележа 32 гола и 18 асистенции во сите натпреварувања за Спортинг.

Scroll to Top