Ромелу Лукаку е блиску до одлуката втор пат во кариерата да го напушти „Стенфорд Бриџ“. Белгиецот, се наоѓа во катастрофална форма, откако за 113.000.000 евра од Интер се врати во Челси.
Лукаку, човекот кој го однесе Интер до шампионската титула, во вторникот, не беше во тимот во дуелот со Лил. Два дена претходно тој одигра меч за заборав против Кристал Палас. На овој натпревар само седум пати ја допрел топката.
Белгиецот не крие дека направил грешка кога ја прифатил понудата од Челси. Замина од Интер бидејќи во Лондон му понудија годишна плата од 12.000.000 евра.
Сега сакал да се врати на „Џузепе Меаца“, би прифатил значително помала плата, но има еден проблем, Интер нема пари да го откупи од Челси.
Можеби излез од целата ситуација за него е Тотенхем, секако доколку на клупата остане Антонио Конте и доколку клубот го напушти Хари Кејн.