Top Sport

Лукаку се дистанцираше од сопствениот агент за можните преговори со Милан и Интер

Ромелу Лукаку преку објава на социјалните мрежи се дистанцираше од сопствениот агент, Федерико Пасторело, кој најави преговори за трансфер од Челси во Милан или Интер.

Во интервју за весникот „Ла република“, Пасторело зборуваше за тешката сезона на Лукаку во Челси и за тоа што може да се случи во иднината, посочувајќи дека тој е посветен на Челси.

„Тој никогаш не ја криел љубовта кон Андерлехт, каде што би сакал да ја заврши кариерата. Но, не можеме да шпекулираме за преговорите. Газдите во Челси се сменети, не ги знаеме луѓето, и сега не можеме да замислиме преговори со Интер и Милан. Мораме да почекаме“, изјави Пасторело.

Лукаку, очигледно, не беше импресиониран од овие изјави и се јави на социјалните мрежи.

„Никогаш нема да дозволам некој да зборува за мене. Мојата уста е затворена и се фокусирам да помонгам на тимот и да ја завршам сезоната на најдобар можен начин. Ако некој се обидува да каже нешто за мене и за клубот… Не во мое име“, напиша Лукаку.

Scroll to Top