Top Sport

Лукаку се враќа во Интер

Интер и Челси ја договорија позајмицата на Ромелу Лукаку. Интер повторно ќе го има најмоќниот напаѓачки тандем во Серија А, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, од новинарите наречен Лу – Ла го покори.

Позајмицата ќе биде официјализирана кога претседателот на Интер, Стивен Жанг ќе даде дозвола клубот да плати 10 милиони евра за едногодишната позајмица. Покрај фиксниот дел Челси ќе добие и одредени бонуси.

Она што е исклучително важно за Интер е што Лукаку се согласил значително да ги намали личните барања. Тој се откажа од годишната плата во Челси од 13 милиони евра. Во Интер ќе заработи 7,5 милиони евра.

Интер, минатото лето за 115 милиони евра им го продаде Лукаку на Челси.

Лондон воопшто не му одговараше – на 26 натпревари во Премиер лигата осум пати беше стрелец, вкупно во сезоната одигра 44 натпревари постигна 15 голови.

Scroll to Top