Top Sport

Лутите навивачи на Гладбах влегоа во соблекувалните по болниот пораз во дербито на Рајна

Навивачите на Борусија Менхенгладбах направија хаос по 1:3 поразот од Келн во 94. дерби на Рајна, по кое влегоа во просториите на клубот барајќи објаснување за катастрофалниот пораз, повредувајќи тројца вработени во клубот и оштетувајќи го тимскиот автобус на гостите.

„Можам да разберам зошто навивачите се лути по толку важен меч и како тренер мораш да издржиш одредени работи“, изјави тренерот Ади Хитер по навредливите песни кои се слушаа на стадионот и малиот број на навивачи кои се појавија пред соблекувалната п окрајот на мечот.

Според полицијата во Менхенгладбах, навивачите успеале да ја пробијат портата помеѓу хотелот и соблекувалните, повредувајќи тројца вработени во клубот. Инаку, ова е првпат по повеќе од 30 години Келн да ги добие двата меча против Менхенгладбах во една сезона.

„Мораме да се извиниме на навивачие за мечот. Сакавме да играме атрактивен и позитивен фудбал, но тоа не го направивме“, доаде Хитер.

Scroll to Top