Додека лутите ривали Барселона се во криза и го чекаат својот нов тренер, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по освојувањето на титулата од Ла лига е на семеен летен одмор на Ибица.
Французинот, кој по три освоени титули од Лигата на шампионите, конечно, се закити и со домашната круна со „кралевите“, ужива на шпанското сонце со неговото семејство. Тој беше „фатен“ на луксузна јахта со неговата сопруга Вероник и синовите Лука и Енцо.