Килијан Мбапе и Лео Меси формираа „пеколно“ партнерство во нападот на Пари Сен-Жермен за да го предводат францускиот шампион до 0:3 победа на гостувањето кај Ајачо на Корзика, нивна 10-та во 12 лигашки меча за предност од шест поени пред Лориен.
Меси прво го пронајде Мбапе во 24. минута, за францускиот напаѓач да го отвори резултатот и уште еднаш на теренот да ги демантира сите шпекулации за неговото незадоволство во Париз.
Најубавиот момент несомнено беше вториот гол на „светците“ во 78. минута, кога беше ред на Мбапе со неверојатна асистенција да го проигра Меси, кој пак покажа дека пред Мундијалот се наоѓа во најдобра можна форма со нов гол. Само шест минути подоцна, Меси ја имаше својата 10. асистенција оваа сезона, пак пронаоѓајќи го Мбапе за застрашувчка победа.
THE BUILDUP TO MESSI’S GOAL, WOW pic.twitter.com/gvi42CrGdV
— J. (@Messilizer) October 21, 2022