Top Sport

Мајк Мањан суспендиран само на еден меч, ќе игра против Наполи

Голманот на Милан, Мајк Мањан, ќе биде суспендиран на само еден натпревар во Серија А поради црвениот картон на изминатата средба со Џенова, која „росонерите“ ја добија со 1:0.

Францускиот голман ќе го пропушти само дербито со Јувентус на 22 октомври, но ќе биде достапен за уште еден клучен натпревар – против шампионот Наполи една недела подоцна.

Мањан беше исклучен поради крајно груб старт над Калеб Екубан, за што се очекуваше да добие посериозна санкција.

Scroll to Top