Top Sport

Мајк Мањан ја обнови повредата и ќе го пропушти Светското првенство

Мајк Мањан најверојатно ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар. Голманот на Милан на тренинг на „росонерите“ ја обнови повредата на потколеницата која го оддалечи од терените од 22 септември.

Повредата ја заработи на мечот меѓу репрезентациите на Франција и Австрија, а веќе пропушти пет меча за шампионот во Серија А. Неговото враќање беше предвидено за овој викенд, но новата повреда ќе го оддалечи и од Светското првенство.

„Росонерите“ ќе можат да сметаат на него дури по враќањето од паузата од Катар, додека Дешамп ќе треба да смета на Лорис и на Манданда како адути за Мундијалот.

Scroll to Top