Top Sport

Мајката на Манчини: Балотели мораше да игра против Македонија

Италија не успеа да се избори за место на Светското првенство во Катар. Александар Трајковски, во црно ги зави азурите и веројатно му го врачи отказот на селекторот, Роберто Манчини.

На „Ренцо Барбера“ во Палермо, во четвртокот, Италија според статистиката доминираше на теренот, но не беше опасна во последната третина од теренот. Манчини немаше вистински напаѓач кој можеше да и нанесе штета на одлично поставената македонска одбрана.

И мајката на селекторот Манчини, Маријана Пуоло, има замерки не само на играта туку и на играчите кои нејзиниот син ги одбрал за почетниот состав.

„Сигурно дека можевме да одиграме многу подобро, но фудбалот е таков. Се имавме во наши раце, за жал не бевме конкретни во нападот. Јас ќе го повикав Балотели за мечот со Македонија. Многу е силен, не можете да го запрете кога е пред голот“, рекла Маријана.

Мајката на италијанскиот селектор ги коментирала и пропуштените шанси на Италија во групната фаза. Италија не успеа да победи на последните четири натпревари во групата, поради што заврши на второто место и мораше да игра бараж за пласман ан СП.

„За жал направивме многу грешки, на пример Жоргињо. Не е само тој виновен но кога ќе промаши три пенали, тогаш влегуваш во тешка ситуација. Можеби и Донарума можеше подобро да интервенира кај голот“.

Scroll to Top