Top Sport

„Jacob & Co.“ на Роналдо му подарија часовник од 910.000 евра

Кристијано Роналдо ја зголеми колекцијата на скапоцени часовници. По натпреварот со Турција, на подарок доби часовник преден речиси 1.000.000 евра.

Инспириран од автомобилот „Bugatti“, американскиот производител „Jacob & Co.“, го изработил моделот „CR7 Bugatti Chiron“. Подарокот на славниот фудбалер лично му го врачил основачот на брендот, Џејкоб Араб.

Боите на часовникот се исти како боите на 2.500.000 евра вредниот „Bugatti“, чии сопственик е Роналдо. Часовникот е персонализиран, а бројчаникот од кристали, претставува реплика на „W16“ моторот на „Bugatti Chiron“.
Цената на часовникот „Bugatti Chiron CR7“ изнесува 910.000 евра.

Scroll to Top