Top Sport

Бејл: Сите знаеме кој е вистински паразит

Герет Бејл, со два гола го предводеше Велс до победата над Австрија, во полу-финалниот бараж за пласман на Светското првенство. Бејл, сезонава има одиграно само пет натпревари за Реал, не е во тимот поради честите повреди,а кога е здрав не добива шанса од тренерот Карло Анчелоти.

Бејл, пред шест дена, поради повреда, не беше во составот на Реал против Барселона. Неколку дена подоцна тој блескаше во дресот на националниот тим.

„Марка“, медиум близок до Реал, пред натпреварот Велс-Австрија го нарече Бејл „паризит кој цица крв и пари“.

Најдобриот Велшанец, најпрвин не сакаше да го коментира текстот во „Марка“, но не издржа.

„Во ерата кога луѓето си ги одземаат животите поради немилосрдните медиуми, сакам да знам кој ги повикува на одговорност новинарите и медиумите кои пишат текстови полни со омраза. За среќа, откако сум во јавноста, развив способност да го игнорира она што се пишува“, рекол Бејл и дополнил.

„Медиумите од спортистите очекуваат да имаат супер моќи. Кога сме успешни не величаат, но кога не и оди, медиумите го поттикнуваат бесот и незадоволството кај навивачите. Секојдневниот притисок врз спортистите е огромен, негативното медиумско влијание можат еден човек да го турнат во бездната“, рекол Бејл и потоа испратил директна порака до „Марка“.

„Поради тоа сакам да ја искористам оваа можност и да повикам на промени. Сите знаеме кој е вистинскиот паразит“.

Марка: Паразитот од Велс цица крв и пари

Scroll to Top