Top Sport

Мајката на Меси: Повеќе од сè сака титула со Аргентина

Златната топка што ја доби во понеделникот Лионел Меси е причината поради која неговата мајка Челиа Чукитини морала да одработи интервју за радио Си-ен-ен.

Меси во Париз ја доби шестата Златна топка во кариерата и сега повторно е сам на врвот. Неговиот вечен опонент Кристијано Роналдо има една „топка од злато“ помалку во своите витрини.

Челиа била воодушевена што нејзиниот син повторно ја добил најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Рекла дека на почетокот не размислувала дека нејзиниот син може да стане еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

„Не престанува да не изненадува. Сепак најважно е каков е како личност. Многу сум среќна, не очекувавме уште една Златна топка. Мислевме дека петтата ќе биде последна. Ова беше едно прекрасно изненадување“, рекла мајката на Меси.

Најдобриот во светот често е критикуван во татковината, најмногу поради резултатите што ги постигнува со Аргентина. Меси во кариерата не освоил ниту еден трофеј со сениорската репрезентација.

„Ние знаеме, тој знае, целата фамилија знае дека тој и должи на Аргентина. Но никој повеќе од него не сака да ги освои Копа Америка и Светското првенство во репрезентацијата“, завршила Челиа Чукитини
.

Scroll to Top