Top Sport

„Се надевам дека Ливерпул ќе се распаднат“

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, рекол дека годината би му била поубава доколку Ливерпул би ја испуштиле предноста што ја имаат во Премиер лигата.

Ливерпул во Премиер лигата, досега, од можните 42 освоиле 40 поени, лидери се на табелата со осум поени повеќе од Лестер. Поранешниот тим на Гери Невил има 22 бода помалку од Ливерпул. Манчестер Јунајтед со 18 бода се наоѓаат на десеттото место на табелата.

„Годината ќе ми биде подобра доколку Ливерпул ја испуштат предноста“, рекол Невил.

„какво искуство би било да гледаш како ја губат предноста. Искрено се надевам дека таа предност ќе ја имаат во март и дека потоа ќе се распаднат. Сепак морам да кажам дека покажаа константност во изминатите две години“, рекол Невил.

Scroll to Top