Top Sport

„Зошто би одел во Арсенал, убаво ми е во Лестер“

Менаџерот на Лестер Брендон Роџерс рекол дека му е убаво на „Кинг Пауер“ и дека нема намера да ја преземе тренерската позиција во Арсенал. Медиумите на Островото изминатите денови шпекулираат дека Роџерс бил најсериозниот кандидат за нов менаџер на „топџиите“.

Поради ваквите шпекулации Роџерс морал некои работи да им објасни на медиумите. Рекол дека планирал уште долго време да биде во Лестер.
„Пораката е јасна, знам дека истото прашање ќе ми го поставувате се додека Арсенал не добие тренер. Сепак работите се едноставни, јас сум среќен тука и сакам да останам во Лестер“, рекол Роџерс.

„Пред девет месеци донесов одлука да дојдам тука. Имав јасна намера да го вратам овој клуб каде што беше пред да дојдам јас тука. Сакам да ја предводам оваа група на играчи, поседуваат голем потенцијал. Зошто би одел на друго место?“.

Поранешниот менаџер на Ливерпул и Селтик потенцирал дека негвата намера била до крај да го одработи договорот со Лестер.

„Во Селтик бев три години и некој потоа може да каже, во ред, Арсенал е голем клуб, институција…Сепак работата е да бидете таму каде што се чувствувате среќни, а јас сум среќен овде. Договорот ми трае до 2022 година и никој во клубот не ми кажал дека сакаат да ме разрешат од должноста“, заклучил Роџерс.

Лестер сезонава играат одличен фудбал, по 13 рунди се наоѓаат на второто место на табелата со осум бода помалку од водечките Леверпул.

Scroll to Top