Top Sport

Мајката на Роналдо: Мајорга не отиде во собата да игра карти, туку друго нешто!

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро влезе во одбрана на својот син околу обвинувањата дека ја силувал Американката Катрин Мајорга, велејќи дека таа не отишла во собата на фудбалерот „за да игра карти“.

Роналдо минатата година се најде пред сериозни обвинувања за инцидентот кој се случил во 2009 година во Лас Вегас, откако Мајорга тврдеше дека тој ја силувал по што ја приморал да потпише договор за да не го тужи. Португалецот ги отфрли овие обвинувања, но полицијата во Лас Вегас повторно го отвори случајот.

Авеиро е сигурна во невиноста на нејзиниот син.

„Имам целосна доверба во мојот син околу тоа што се случило. Таа не отиде во неговата соба да игра карти, туку да прави нешто друго“, изјави Авеиро при презентацијата на сопствениот бренд на вино и маслиново масло.

Се „појави“ видео од Роналдо со Американката која го обвинува за силување (видео)

Scroll to Top